Дома Фудбал Англија Ерера го напушта Олд Трафорд и се сели во Париз

Ерера го напушта Олд Трафорд и се сели во Париз

Шпанскиот фудбалер Андер Ерера ги напушта редовите на Манчестер Јунајтед.

Овој 29-годишен играч ќе го напушти Олд Трафорд како слободен играч, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на францускиот првак ПСЖ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што пренесува Марка, Парижаните му понудиле договор на Ерера вреден 173.000 евра неделно, а тој наводно веќе одлучил кариерата да ја продолжи на Паркот на Принцевите.

Иако во англиските медиуми се пишуваше дека на Ерера ќе му биде понуден нов договор, тоа на крајот не се случи.

Шпанецот ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед, а кариерата ќе ја продолжи во уште еден европски великан и наскоро би требало да биде представен како ново засилување на Светците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Не беше херој само Валверде: Навивачите на Реал збеснаа кога го сретнаа Рудигер по натпреварот (Видео)

Антонио Рудигер (33) одигра одличен натпревар во победата на Реал против Манчестер Сити (3…