Откако Србија ги изненади сите со пласманот во втората групна фаза на ЕП во Хрватска, сега стартува против Норвешка. Норвежаните пак играат според планот, очекувано се во оваа фаза и се големи фаворити на овој меч.
Србија – Норвешка
Србија изненади многумина со самиот пласман во втората рунда. Искрено и јас лично сум изненаден од овој резултат. Тимот предводен од Цветковиќ немаше победа долг период. Во подготовките губеше од репрезентации како Швајцарија и Романија кои сонуваат за настап на Европско Првенство. Сепак во последното коло, пред Србија падна Исланд кој загуби со 29:26. Со тоа Србија дојде во втората рунда, но повторно ние не веруваме во добар резултат на оваа селекција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешка пак очекувано загуби од Франција, но ги победи Белорусија и Австрија со што веќе има два бода во оваа Група 1. Амбициите на оваа селекција се високи и тоа оправдано. Успешната норвешка кампања во 2016 го донесе тимот во центарот на вниманието. Го следеа овој успех со уште еден историски резултат на Светското првенство во јануари 2017 година, каде што стигнаа до финалето на Светското Првенство и го добија својот прв медал – сребро. Норвешка пред стартот на првенството беше 6-ти фаворит со коефициент 10.00 за освојување на златниот медал.
Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk