Синоќа на отварањето на ЕУРО 2020, стартуваме со анализа и предлози, од поранешни македонски фудбалери и репрезентативци. Прв стартуваше Панче Ќумбев и тоа успешно за мечот Турција – Италија, а денес е редот на Александар Васоски. Поранешниот македонски репрезентативец и сега тренер на Академија Пандев е задолжен за групата Б, па да ги погледнеме неговите предлози за оваа група од првото коло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, Ќумбев ќе ги прогнозира групите А, Ц и Е, додека останатите три групи – Б, Д и Ф ќе ги анализира и прогнозира Александар Васовски.
Група Б: Данска – Финска ( време: 18:00 ч.)
Со оглед на пријателските натпревари што ги одиграа двете селекции и со оглед на тоа што Данска во последно време игра доста модерен и атрактивен фудбал, додека од друга страна Финска е дебитант на Европско Првенство, јас и давам предност на Данска. Данска ја победи Австрија со 4:0, има доста солиден тим и мислам дека ќе го добие овој натпревар. Но мое мислење е дека како за први натпревари овде ќе се игра малце покалкулантски, претпазливо и дека нема да има повеќе од два гола. Мое мислење е дека Данска ќе победи но со тесен резултат, 1:0, 2:0, иако може да биде и нерешено 0:0.
ТИП: Данска – Финска – 1 @ 1.45 во Bet365
Данска – Финска – 0-2 @ 1.74 во Bet365
Група Б: Белгија – Русија ( време: 21:00 ч.)
Формата, екипата и многу други работи говорат дека Белгија ќе победи на овој натпревар. Малце се хендикепирано, бидејќи незнам колку еден од клучните играчи ќе биде подготвен – Де Брујне, меѓутоа во името на Лукаку и останатите репрезентативци од светска класа, мислам дека ќе извојуваат победа.
Русија не е за потценување, на минатото Светско Првенство Русија испадна на пенали од Хрватска во втората фаза, така да очекувам тешка победа на Белгија во овој прв натпревар.
ТИП: Белгија – Русија – 1 @ 1.93 во Bet365
Денес прв натпревар на програтама е мечот е мечот Велс – Швајцарија кој е во рамки на групата А. Предлогот на Панче Ќумбев може да го погледнете на линкот.