Дома Фудбал Останато Емерсон: Манчини ме советува да го напуштам Челзи

Емерсон: Манчини ме советува да го напуштам Челзи

Левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери призна дека селекторот на Италија, Роберто Манчини го советува да го напушти Челзи.

Емерсон одигра само 88 минути минатата сезона во Премиер лигата, но и покрај тоа доби повик за Италија и ќе настапи на ЕУРО.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Манчини покажа дека се грижи за мене. Тој сака да ме види како играм добро и ми кажа дека најдобро за мене е да најдам друг амбициозен клуб, каде ќе можам да играм повеќе. Сепак, знаеме дека ситуацијата во фудбалот понекогаш зависи од многу фактори, не само од мене. Јас можам да ветам дека кога сум во репрезентацијата ќе дадам се од себе си“, изјави Палмери.

Силен интерес за левиот бек покажуваат Интер и Јувентус, а Челзи за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…