Дома Фудбал Останато Едерсон го најави новиот селектор на Бразил!

Едерсон го најави новиот селектор на Бразил!

Голманот на Манчестер Сити и бразилската репрезентација, Едерсон најави дека Карло Анчелоти има големи шанси да биде нов селектор на Бразил.

Едерсон на оваа тема веќе зборувал со неговите соиграчи од репрезентацијата кои го носат дресот на Реал Мадрид каде што Италијанецот е тренер во овој момент.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Разговарав со Касемиро, Винисиус и Милитао, од она што го знам, големи се шансите Анчелоти да биде селектор на Бразил. Ми кажаа дека е посебен тренер и дека го обожаават. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Едерсон.

Се споменуваше и Гвардиола како опција, но Едерсон истакна дека нема шанси за такво нешто.

„Јас и се пошегував со него, но тој ми кажа дека нема шанси. Потпиша договор на две години и таа опција е завршена. Оптимист сум за новиот селектор и покрај шпекулациите. Наскоро би требало да се знаат деталите“, додаде бразилскиот голман.

Ќе потсетиме, Бразил е без селектор откако Тите си замина по Светското првенство, привремено „Кариоките“ ги води

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рио Фердинанд изненади со изборот на напаѓач против кој најмногу би се намачил како фудбалер

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во истор…