Дома Фудбал Останато Еден тим посебно го намачил Мурињо – Португалецот го откри најтешкиот натпревар во кариерата

Еден тим посебно го намачил Мурињо – Португалецот го откри најтешкиот натпревар во кариерата

Португалскиот стратег Жозе Мурио се уште е без работа, но се очекува од наредната сезона повторно да се врати на тренирањето клуб.

Еден од најдобрите стратези во светот кон крајот на минатата години доби отказ во Манчестер Јунајтед и од тогаш е без ангажман, очекувањата се да се врати на клупата на некој клуб ова лето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во меѓувреме Мурињо гостува по разни телевизии како стручен коментатор. Во една од тие емисии Мурињо зборуваше за неговата кариера и откри неколку интересни факти.

Мурињо се потсети на финалето од Купот на УЕФА во 2003 година кога со Порто го освои трофејот. Неговиот тим тогаш го победи Селтик со 3:2 после продолженија во едно од најдобрите финалиња во последните 30 години.

Португалецотк ако тренер ги водеше своите клубови во неверојатни натпревари, но за него тогашниот тим на Селтик бил најтешкиот противник со кој се сретнал во досегашната тренерска кариера.

„Финалето против Селтик не беше најголема победа, ниту најголема радост, но кога се ќе земе во предвид тоа е мојот најтежок натпревар. Кога заврши помислив дека сум готов, никогаш не сум бил толку напнат. Играв потоа уште три финалиња и уште неколку одлични натпревари, но во секој случај натпреварот против Селтик е пред сите. Тоа е тимот кој за мене беше најтешкиот противник“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дочека: Вечерва во Јувентус се враќа Фаџоли!

За вечерашниот натпревар на Јувентус против Болоња за настап ќе конкурира и Николо Фаџоли …