Дома Останати Кошарка Еден од најдобрите шутери на сите времиња ги промаши сите обиди во натпреварот на сезоната за Вориорс

Еден од најдобрите шутери на сите времиња ги промаши сите обиди во натпреварот на сезоната за Вориорс

Денот кога Клеј Томпсон ќе се пензионира, тој ќе влезе во историјата на НБА како еден од најдобрите шутери на сите времиња и како играч кој заедно со Стеф Кари со години ги тероризираше сите лигашки тимови со своите прецизни обиди, посебно за тир поени. Во натпреварот на сезоната за Вориорс, тој беше далеку од своето ниво.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голден Стејт беше поразен од Сакраменто Кингс 118:94 и така остана без плеј-оф.Томпсон на паркетот помина 31 минута и 36 секунди и веројатно и самиот не памети кога последен пат имал вака лоша шутерска вечер.

Натпреварот го заврши со 0-6 тројки и 0-4 за 2 поени, што значи дека ги пропушти сите 10 обиди за поени од поле во можеби неговиот последен натпревар за Вориорс бидејќи се најавува негово заминување.

Четирикратниот НБА шампион и победник на натпреварот за шутирање три поени во 2016 година има договор со плата од 43,2 милиони долари кој го потпиша на пет години во сезоната 2019/2020.

Томпсон држи неколку шутерски рекорди во НБА од кои најзабележителни се оној со 37 постигнати поени за само една четвртина и оној со 14 тројки во еден натпревар од регуларниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…