Дома Фудбал Англија Еве како Мурињо успеа да сочува 100 милиони фунти на Манчестер Јунајтед

Еве како Мурињо успеа да сочува 100 милиони фунти на Манчестер Јунајтед

mourinho

Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо одлично влезе во новата сезона на Премиер лигата.

Тимот од „Олд Трафорд“ по неколку години повторно е главниот кандидат за титулата, а на отворањето на сезоната имаат три победи од три натпревери со идеална гол разлика од 10:0.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Ова лето донесе неколку нови имиња. Во Јунајтед пристигнаа Ромелу Лукаку, Немања Матиќ и Виктор Линделоф, па со нив тимот од Манчестер доби дополнителен квалитет. Сепак, многумина очекуваа уште неколку имиња во Јунајтед, но тоа на крајот не се случи и трансфер периодот заврши со „само“ три трансфери.

„Црвените ѓаволи“ во овој трансфер период потрошија 146 милиони фунти, но Специјалниот тврди дека парите се потрошени паметно. Мурињо тврди дека Јунајтед заштедил 100 милиони фунти, бидејќи работите околку доведувањето на нови фудбалери завршија многу порано за разлика од другите клубови.

„Бевме многу паметни. Мислевме дека може нешто да се случи, што би го променило пазарот засекогаш. Тоа на крајот се случи со трансферот на Нејмар во ПСЖ. Тој трансфер ги зголеми цените на другите играчи и лошо испадна за другите клубови. Да го доведовме Лукаку на 31. август, би платиле 150 милиони фунти, додека Матиќ би вредел помеѓу 60 и 70 милиони фунти“, изјави Мурињо.

Сепак, треба да се очекува „Црвените ѓаволи“ да бидат активни и на зимскиот пазар. Неколку имиња се споменуваат како потенцијални засилувања, но на крајот конечниот збор ќе го има Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во инцидентите со хулиганите во Гелзенкирхен учестуввал и синот на Вучиќ

Неколку инциденти во Гелзенкирхен му претходеа на денешниот натпревар помеѓу Србија и Англ…