Репрезентацијата на Македонија денес попладне од 17:00 часот ќе игра против Египет во првиот од двата контролни натпревари пред Европското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Селекторот Лазаров за овие две средби во Каиро повика 19 ракометари кои според најавите ќе добијат шанса да покажат дека можат да се борат за место на континенталниот собир. Стојанче Стоилов ќе потсетиме ќе недостасува затоа што остана во Скопје поради ситна повреда.




Според објавата на официјалната страна на Египет натпреварот ќе може да се следи во живо на нивната Фејсбук страна. Египет од клупата е предводен од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.