Дома Фудбал Англија Евертон ја посрамоти Англија како никој во последните 20 години

Евертон ја посрамоти Англија како никој во последните 20 години

Фудбалерите на Евертон синоќа доживеаја уште еден дебакл во Лигата на Европа, Овој пат на својот „Гудисон Парк“ беа декласирани од страна на Аталанта со резултат од 1:5.

Аталанта поведе уште во 12. минута преку Кристанте, а со резултат од 0:1 и заврши првото полувреме. Меѓутоа, гостите во второто полувреме постигнаа уште четири гола. За Аталанта во вториот дел постигнаа Кристанте, Госенс и два пати Корнелиус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова за Евертон беше трет пораз во серија во групата Е во Лигата на Европа, додека Карамелите по пет кола во групната фаза на своето конто имаат само еден бод.

Ова за еден претставник од англиската Премиер лига е многу лош резултат што говори и фактот дека само еден англиску клуб има ваков учинок во минатото. Имено, само Блекбурн во сезоната 1995/96, по првите пет европски натпревари на своето конто имаше само еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…