Интер вчера го прослави своето 20. Скудето во историјата, еуфоријата на улиците во Милано беше голема, излегоа повеќе од 300.000 навивачи. Во текот на прославата, фудбалерот Данзел Думфрис направи момент кој предизвика бурни реакции.
Имено, Думфрис во еден момент крена транспарент на кој имаше фотографија како со ланец како куче го држи играчот на Милан, Тео Ернандез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради овој навредлив банер веројатно ќе биде казнет и од Фудбалската федерација на Италија. Најавите се дека казната ќе биде само парична, слична како на Џанлука Манчини кој неодамна вееше навредливо знаме за Лацио, па мораше да плати 5.000 евра.
⛓️😳 Inter's Denzel Dumfries holding up a poster of him chaining up Theo Hernandez during title celebrations! 🚐 pic.twitter.com/1jWDToJxX3
— EuroFoot (@eurofootcom) April 28, 2024