Дома Фудбал Останато Дојдоја некои луди времиња: Сити одлучи целиот буџет да го вложи во купувањето на Французинот

Дојдоја некои луди времиња: Сити одлучи целиот буџет да го вложи во купувањето на Французинот

Управата на Манчестер Сити е подготвена целиот буџет да го вложи за трансфер во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чудесното дете, Килијан Мбапе покажа дека во моментов е најголемиот фудбалски просперитет и поради тоа сите го сакаат и оној кој ќе го добие Мбапе ќе добие голема и успешна иднина.

Стандардно, сите гиганти се вклучени во следењето на Мбапе, но спроед денешните инфромации од Островот, богатите сопственици на Сити сакаат да го срушат рекордот и на ПСЖ да им испратат дури 290 милиони фунти за Французинот.

Извештаите велат дека Сити за 19-годишниот тинејџер е подготвен да плати „100% од својот буџет за следната сезона“. Сумата која ја спомнавме погоре е навистина преголема, но како што се случуваат работите на фудбалскиот пазар, тоа и не е чудно.

„Граѓаните“ се познати како големи потрошувачи овие последни неколку години, а купувањето на Мбапе за 290 милиони би бил вистински бум во светот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како гром од ведро небо – Рубен Аморим ја презема клупата на европскиот гигант!

Португалскиот стратег Рубен Аморим е во директни разговори со италијанскиот гигант Милан з…