Дома Фудбал Италија Дојде во Монца како големо засилување и си замина по три месеци – сега објасни зошто

Дојде во Монца како големо засилување и си замина по три месеци – сега објасни зошто

Италијанскиот дефанзивец Андреа Ранокија го напушти Интер ова лето и потпиша за Монца меѓутоа во овој клуб остана само три месеци.

Ранокија после 11 години го напушти Интер затоа што летото му истекуваше договорот со овој клуб и не успеа да постигне договор околу продолжување на соработката, па одлучи среќата да ја пронајде во друг клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Монца која успеа да се избори за пласман во Серија А пристигна како големо засилување, меѓутоа тоа за него било саамо почеток на проблеми. Изненадување беше кога Монца пред неколку дена соопшти дека Ранокија повеќе не е нивни фудбалер, а само еден ден подоцна фудбалерот потврди дека заминува во фудбалска пензија.

„Како се чувствувам во овој момент? Малку сум збунет се уште. Морам да се соберам и не е лесно после сетоа ова. Во август се здобив со тешка повреда и за жал немаше опција повторно да се вратам на теренот. Едноставно не ја чувствувам истата глад за фудбалот после враќањето на терените“.

„Процесот на опоравување се уште трае и се уште чувствувам болки, но одлучив дека најдобро за мене е да ја завршам кариерата и да се посветам на некои други работи во животот. Од април имав и некои приватни проблеми и од тој момент почнав да чувствувам се помалку ентузијазам за фудбалот. Кога ми истече договорот со Интер пристигна понудата од Монца“.

„Го прифатив договорот, но многу патев во припремите. Повредата само ја влоши ситуацијата. Разговарав со Галијани и му кажав како се чувствувам. Не сакав да бидам терет на луѓето кои ми дадоа доверба, бев искрен. Тој беше изненаден, но ја почитуваше мојата одлука. Не беше изненаден што се откажав од договорот и парите туку што бев искрен и што веднаш му кажав како стојат работите“, објасни Ранокија.

Ранокија од доаѓањето во Монца одигра само два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…