Фудбалерите на Милан славеа на домашен терен против екипата на Фиорентина со резултат 5:1, додека Наполи славеше над Кротоне со 2:0 и така го испрати во Серија Б.
Милан до победа дојде по пресврт, бодејќи младиот Симеоне погоди за 0:1 во 20. минута, по асистенција на Кијезе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, по само три минути, Чалханоглу изедначи на 1:1, а потоа во финишот на првиот дел го проигра Кутроне за 2:1.
Во вториот дел од играта, Милан ја дотолчи Диорентина, прво погоди Калиниќ, потоа повторно Кутроне, а на крајот и Бонавентура.
Наполи исто така, како домаќин беше подобар од Кротоне и го испрати во Серија Б. Наполи дојде до победа благодарение на погодоците на Милик и Калјехон, а двоен стрелец беше Инсиње.
Овој дуел немаше резултатско значење за Наполи, но важно за Кротоне кој по победата над Спал, остана прв во опасната зона со 35 бодови.