Дома Фудбал Англија Документарецот „Аll or Nothing“ ги открива тајните на Гвардиола од соблекувалната (видео)

Документарецот „Аll or Nothing“ ги открива тајните на Гвардиола од соблекувалната (видео)

guardiola

На интернет се појави само мал дел од документарецот кој се припрема за претходната сезона на Манчестер Сити во која машинеријата на Пеп доминантно ја освои титулата.

Сити го собори рекордот по бројот на освоени бодови, второпласираниот Манчестер Јунајтед заврши на втората позиција со огромна негатива во однос на шампионот од 19 бодови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сето тоа беше повод да се сними документарецот под име „Аll or Nothing“ во кој се следи и анализира секој потег на екипата на Гвардиола во минатата сезона. Покрај тоа ќе имаме прилика да видиме и снимки од соблекувалната во кои се гледаат реакциите на играчиите после победите, но и поразите.

„До крајот на животот ќе ве бранам на прес-конференциите, но тука ќе ја зборувам вистината. Некои од вас играат подобро кога се бесни на мене и ако ме мразите, мразете ме момци! Немам проблем со тоа“, изјави помеѓу останатото Гвардиола после еден од ретките порази во претходната сезона.

Документарецот се очекува да започне со емитување кон средината на август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо пред нов ангажман во тренерската кариера

Поранешниот италијански фудбалер и денес тренер, Џенаро Гатузо е пред нов ангажман во трен…