Ерлинг Халанд сигурно е еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа и продолжува да ја воодушевува јавноста со своите настапи во дресот на Борусија Дортмунд.
Халанд вниманието на себе го сврте во првиот дел од минатата сезона кога прикажуваше фантастични настапи во дресот на Салзбург, а потоа во јануари се пресели во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Норвежанецот пристигна во Салзбург во јануари 2019 година од Молде за осум милиони евра. Но тогаш Халанд имал прилика да потпише за Барселона, но во каталонскиот клуб направиле грешка кога ја одбиле таа прилика.
Поранешниот директор на Барселона, Хавиер Бордас даде интервју за „Мундо Депортиво“ во кое зборуваше за ерата на Хозе Марија Бартомеу и грешките кои ги правеше поранешниот претседател на каталонскиот клуб.
Една од тие грешки бил и Халанд. Норвежанецот можел да дојде од Молде за помалку од 10 милиони евра. Барселона тогаш бараше напаѓач кој ќе биде резерва на Луис Суарез, а за Бартомеу Халанд не бил интересен и место него се одлучиле да го доведат Кевин-Принс Боатенг кој пристигна на шест месечна позајмица.
„Можевме да го доведеме и Халанд тоа е вистина. Не го направивме тоа затоа што ми беше кажано дека тој не е играч за Барселона. Бартомеу направи некои круцијални грешки, тогаш место Халанд го доведе Боатенг. Сега сите знаеме како се заврши и каква шанса пропушти Барселона“, изјави Бордас.
Претходно тој откри дека Барселона место Мбапе се решила да го доведе Осман Дембеле. Повеќе за ова тука.