Кристијано Роналдо во овој период се наоѓа на одмор помеѓу двете сезони, а неговата иднина во Манчестер Јунајтед засега барем според она што се пишува во медиумите неизвесна.
Се поврзува Португалецот со тимови како што се Баерн, Јувентус, Рома, но и Спортинг каде што ја започна кариерата. За португалските медиуми за можноста за доведување на Роналдо зборуваше директорот на Спортинг Хуго Виана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според него не е реално да се очекува Роналдо ова лето да потпише за Спортинг.
„Не сега. Мислам дека не е можно. Но, никогаш не се знае. Самиот ќе одлучи каде ќе оди. Никогаш не знаеш што носи иднината. Не сакам многу да зборувам на оваа тема затоа што кога зборуваме за Кристијано се е поинаку. Има уште една година договор, па што ќе одлучи ќе видиме“; изјави Хуго Виана.
Ќе потсетиме, Роналдо минатото лето од Јувентус се врати во Манчестер Јунајтед, како главна причина за неговото можно заминување се наведува тоа што „црвените ѓаволи“ нема да играат во Лигата на шампионите идната сезона.