Дома Фудбал Останато Динамо за првпат се огласи по тепачката во која загина навивач и го обвини АЕК!

Динамо за првпат се огласи по тепачката во која загина навивач и го обвини АЕК!

Продолжува „војната“ помеѓу АЕК и Динамо надвор од теренот и улиците по инцидентот во понеделникот во кој животот го загуби 29-годишен навивач на грчкиот клуб.

АЕК претходно побара исфрлање на Динамо од Европа, а сега стигна одговор и од хрватскиот гигант. Динамо го осуди таквото барање тврдејќи дека АЕК сака да профитира на сметка на загинатиот навивач.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„ГНК Динамо во повеќе наврати јасно, недвосмислено, јавно и жестоко ги осуди нередите кои, за жал, резултираа со смртен случај. Насилството нема место во цивилизираното општество и ние секогаш ќе се бориме за вистинските вредности, што ги промовира нашиот клуб и искрено сакаме да веруваме дека нашиот ривал АЕК споделува слични ставови. Жал ни е што АЕК бега од одговорност со своите изјави и однесување, крева тензии и употребува несоодветен, агресивен и провоцирачки речник во официјалните соопштенија со цел притисок врз УЕФА.

Посебно е несфатливо што без никакво двоумење се обидува да искористи човечка трагедија за сопствена промоција и резултатот покажува отсуство на елементарна пристојност, емпатија и почит кон жртвата. Ваквиот пристап го сметаме за несоодветен, особено затоа што на сите, освен на претставниците на АЕК, им е јасно дека ГНК Динамо направи се што е во негова моќ да не дојде до оваа ситуација. За сите настани во Грција, најголема одговорност сносат организаторите, односно грчката полиција и АЕК како клуб домаќин“, стои во помеѓу другото во соопштението од клубот од Загреб.

Комплетното соопштение можете да го прочитате на клупската веб-страница – TУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германците ги избраа најдобрите во годината!

Фудбалерот на Бајерн Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во сост…