Tимот на Вардар вчера имаше тежок натпревар, но на крајот успеа да го победи Загреб и да се пласира во финалето на турнирот во СЕХА лигата.
Одново Вардар ни приреди една луда завршница (последните 15 секунди може да ги погледнете тука), за на крајот да слави по изведувањето седмерци. Пред утрешното финале Дибиров најави дека Вардар е дојде по пехарот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќни сме и уморни, потрошивме навистина многу енергија. Денешниот ден ќе го искористиме за одмор и анализа за утрешниот натпревар. Не знаме како ќе биде утре, но сигурни сме дека нема да биде лесно. Веспрем е фаворит и тоа е јасно, но ние ќе се бориме и на некој начин ќе се обидиме да го донесеме пехарот во Скопје, по него сме и дојдени“, изјави Дибиров.
Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем се игра утре од 20:30 часот.