Дома Фудбал Останато Диабала: „Сите му помагаме на Роналдо да постигнува голови“

Диабала: „Сите му помагаме на Роналдо да постигнува голови“

Крилниот играч на Јувентус, Паоло Диабала синоќа го прекина голгетерскиот пост со голот против Болоња во првите минути од натпреварот во рамките на Серија А, а по натпреварот помеѓу останатото изјави дека целиот тим работи на тоа Роналдо што повеќе да постигнува голови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот пред почетокот на оваа сезона пристигна во клубот и стана првата напаѓачка опција, а Диабала вели дека на крајот не е толку важно кој ќе постигне гол, туку најважно е дека тимот ќе победи.

„Што се однесува до моите голови, тие ќе ми дадат дополителна самодоверба, иако ја имав од претходно. Работам напорно да играм добро. Мојата соработка со Роналдо напредува од ден во ден. Сите веруваме и се обидуваме да му помогнеме да постигне што повеќе голови. Мене не ми е важно кој ќе даде гол, туку дали екипата ќе победи“, изјави Аргентинецот.

Следен натпревар на Јуве во Серија А е против најголемиот конкурент Наполи во сабота од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид активира „бомба“ и ги изненади Барселона и Атлетико

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва е на чекор до сензационален трансфер во Реал …