Вистинска бура од реакција предизвика вчерашната информација дека Охридскиот маратон оваа година нема да се одржи и тоа кога се прави јубилеј од 60 години.
Општината Охрид веќе реагираше и најави дека заедно со пливачките легенди Тони Стефановски и Евгениј Поп Ацев ќе го „спасуваат“ маратонот (ТУКА). Во тоа обраќање градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков ја повик и Агенцијата за Млади и Спорт за поддршка, а сега стигна и одговорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од АМС потврдија дека ќе дадат поддршка за одржувањето на маратонот.
„Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Северна Македонија, заедно со сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот.
И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан.
Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, петок, 19 август, која ќе се одржи во 10.00 часот во просториите на општината Охрид“, стои во соопштението.