Дома Македонски спорт Oпштината Охрид заедно со легендите Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев ќе го спасуваат Охридскиот пливачки маратон

Oпштината Охрид заедно со легендите Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев ќе го спасуваат Охридскиот пливачки маратон

Oпштината Охрид во соработка со легендите на македонското пливање Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев ќе го спасуваат овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон.

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на прес-конференција соопшти дека прават се што е во нивна моќ и маратонот 99% ќе се одржи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За оваа година ќе направиме се што е и што не е во наша моќ да успееме да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што добив и веднаш одговор од Агенцијата за млади и спорт. Треба да пристигне директорот и да видиме на кој начин би учествувале тие во организацијата на маратонот. Не можам да сфатам како се доведуваме во ситуација да останеме без маратон, односно да поминеме со едно соопштение дека истиот нема да се одржи поради блокирана сметка, состојба која трае долги години.

Што правеле досега? За да поканите пливачи на маратонот потребно е месец дена однапред да се известат и да го потврдат нивното доаѓање. Сега се поставуваме во една временска крајна зона каде незнам колку би добиле позитивни одговори. Поканите се веќе испратени од вчера, сабајлево почнуваме да добиваме одговори, на кои потенцирам дека најбитно прашање е дали ќе има награден фонд бидејќи наназад две три години не им се исплатени наградите“.

Сепак побара и поддршка од Агенцијата за млади и спорт.

„Да видиме и Агенцијата за млади и спорт со колку средства ќе може да го поддржи маратонот и да направиме една пристојна финансиска конструкција со која би се одржал. Но, пак ќе потенцирам дека без пливачи настан нема. Тоа е главната и основна борба за која легендите во македонското пливање меѓу нив Томи Стефановски, а секако и Евгениј Поп Ацев ќе побараме личниот свој интегритет и авторитет да го заложат и да ги поканат овие пливачи, се со цел маратонот да се одржи.

Од разговорот со охридските пливачки клубови кои всушност се организатори на настанот технички се спремни да го организираат овој настан, а околу финансиите дефинивно се потребни околу 50 000 евра за да изгледа како што треба во ова време кога дојдовме да го организраме по откажување. Оваа година би можеле со толку да организираме и Општина Охрид е спремна сетоа тоа да го понесе“, додаде Пецаков.

Целата статија може да прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…