Чаглар Сојунџу не е во плановите на Диего Симеоне и ќе го напушти Атлетико Мадрид по само шест месеци.
Турскиот фудбалер пристигна како слободен играч по истекот на договорот со Лестер, но не ги оправда очекувањата. Сезонава зза Атлетико собра девет настапи од кои шест во Ла Лига и на теренот помина вкупно 213 минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сојунџу би можел да премине во Порто на позајмица до крајот на сезоната со потенцијален откуп на лето. Покрај Порто Сојунџу го следат уште Фенербахче и Рома, меѓутоа Порто се истакнува како фаворит.
Исто така од Атлетико е блиску до заминување е и Стефан Савиќ, па така на лето би требало да видиме комплетна реконструкција во одбраната на „јорганџиите“.