Јуниорскиот тим на Манчестер Јунајтед денеска како гостин го победи тимот на Валенсија во последното коло од групната фаза на младинската Лига на Шампионите.
„Црвените ѓаволи“ од првото место одат во осмина финалето во ова натрпеварување, а натпреварот против „Лилјаците“ засекогаш ќе остане запаметен, бидејќи во дресот на Јунајтед настапи дете кое има само 14 години. Станува збор за Шола Шортаер кој стана најмладиот играч во историјата кој заиграл за Јунајтед во некое европско натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на јуниорскиот тим на Јунајтед беше принуден да го повика во екипата ова дете, бидејќи остана без поголем дел на играчи откако што Мурињо одлучи да ги приклучи во првиот тим за вечерашниот натпревар против Валенсија. Така неочекувана шанса доби Шортаер кој не можеше да верува дека ќе игра во младинската Лига на Шампиони.
Шортаер шанса доби во 75. минута од натпреварот и одигра до крајот на натпреварот, со што влезе во историјата на Јунајтед. Тој стана најмладиот играч на клубот во европските натпреварувања со 14 години, десет месеци и десет дена.