На денешната прес-конференција беа потврдени детали за овогодинешниот Охридски пливачки маратон. Маратонот ќе се одржи на 10-ти или 11-ти септември, а наградниот фонд финансиран од АМС ќе изнесува 10.000 евра.
Деновиве прво беше објавено дека годинава нема да има Охридски маратон и тоа токму кога треба да се оджи јубилејното 60-то издание. По бурата реакции во јавноста, градоначалникот Кирил Пецаков, во соработка со АМС не дозволија традицијата да биде прекината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според договорот сите трошоци околу организацијата ќе бидат на Општина Охрид, а АМС ќе го покрие наградниот фонд.
Маратон ќе има и радосен сум што иако се исправија многу пречки пред нас, успеавме сите да ги надминеме. После вчерашниот координативен состанок заклучок беше да најдеме начин како да го организираме, а после состанокот со директорот на АМС донесени се следните заклучоци: АМС ќе го покрие наградниот фонд од 10.000 евра, сите останати трошоци со организацијата ќе ги покрие град Охрид и Советот ќе донесе одлука за издвојување на два милиони денари од буџетот за оваа намена. Бидејќи сметката на НПФ е блокирана, парите ќе ги префрлиме на охридски клуб кој ќе биде вклучен во организацијата“, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Пецаков.
Одговорите кои се чекале од пливачите биле позитивни па така на овој маратон ќе настапат 20-тина.
Првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски посочи дека терминот е 10-ти или 11-ти поради обврските на натпреварувачите кон други натпреварувања.
Проблемите кои се настанати не се од сега, туку од поодамна и се директно и исклучиво само на пливачката федерација која треба да биде носител на организацијата на манифестација како што е Охридскиот маратон. Тој оваа година би требало да се одржи на 10 или 11 септември поради тоа што сите пливачи во моментов се на други натпреварувања“, изјави Мојсовски.