Дома Македонски спорт Дефинитивно е спасен Охридскиот маратон – се огласи и АМС!

Дефинитивно е спасен Охридскиот маратон – се огласи и АМС!

Вистинска бура од реакција предизвика вчерашната информација дека Охридскиот маратон оваа година нема да се одржи и тоа кога се прави јубилеј од 60 години.

Општината Охрид веќе реагираше и најави дека заедно со пливачките легенди Тони Стефановски и Евгениј Поп Ацев ќе го „спасуваат“ маратонот (ТУКА). Во тоа обраќање градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков ја повик и Агенцијата за Млади и Спорт за поддршка, а сега стигна и одговорот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од АМС потврдија дека ќе дадат поддршка за одржувањето на маратонот.

„Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата Република Северна Македонија, заедно со сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот.

И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан.

Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, петок, 19 август, која ќе се одржи во 10.00 часот во просториите на општината Охрид“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…