Дома Фудбал Репрезентации Детали за Мундијалот во 2026: Финалето ќе се игра пред 75.000 гледачи

Детали за Мундијалот во 2026: Финалето ќе се игра пред 75.000 гледачи

До Мундијалот во 2026 година има нешто повеќе од 2.5 години, а ФИФА сега објави некои важни информации и планот за Мундијалот.

Ова Светско првенство ќе биде прво што ќе се игра во три држави: САД, Канада и Мексико, но и прво на кое ќе учествуваат 48 држави. ФИФА имаше намера репрезентациите да бидат поделени во 16 групи, но се откажа од тој план и првенството ќе се игра во 12 групи по четири учесници.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Исто така овој Мундијал ќе биде првиот кој ќе трае повеќе од еден месец (11-ти јуни – 19-ти јули). Место досегашните 64 ќе се играат 104 натпреаври. Веќе се познати и градовите домаќини каде што ќе се играат натпреварите. Во САД тоа се: Далас, Канзас Сити, Њујорк, Хјустон, Филаделфија, Сиетл, Сан Франциско, Бостон, Лос Анџелес, Атланта и Мајами. Во Мексико: Мексико Сити, Монтереј и Гвадалахара, а во Канада се избрани Ванкувер и Торонто.

Од сите избрани градови само во Гвадалахара нема да се играат натпревари од нокаут фазата. Од четвртфиналето па натаму сите натпревари ќе се играат во САД. Отворањето ќе се одржи во Мексико Сити на 11 јуни, а стадионот Метлајф во Њујорк кој има капацитет од 75.000 гледачи е избран за домаќин на финалниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…