Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го преслика мечот со ПСЖ во дербито против Челзи. Имаа одличен меч, над сите очекувања и сега наеднаш амбициите и очекувањата пораснаа. Но Челзи се наоѓа во незавидна позиција и е на дури 9-то место на табелата, што е голем притисок за Лампард.
Манчестер Јунајтед импресионираше во Париз
Манчестер Јунајтед импресионираше во средината на неделата со изненадувачката по беда од 1:2 на гостувањето во Париз кај ПСЖ во рамките на нивниот почетен натпревар во групата од Лигата на шампионите. Гостите беа одлични во двата правци и во ованзива и во дефанзива, а особено брилјираше Туанзебе кој настапи за прв пат по 10 месеци и тоа против Мбапе и Нејмар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Капитенот Хари Мегваер е под знак прашалник. Но Туанзабе се покажа како одлично решение и може да стартува против Челзи. Можно е да стартува и Алекс Телес кој ги имаше своите први 90 минути со ПСЖ. Ентони Марсијал е суспендиран за саботната пресметка, но Солскјер очекува да ги има на располагање Мејсон Гринвуд и Едисон Кавани.
Лампард со прво реми без голови во Челзи
Челси ја отвори сезоната во Лигата на шампионите без голови против Севилја на „Стемфорд Бриџ“ со новиот прв голман Едуард Менди кој иаше неверојатен меч и заработи одлични критики. Севиља имаше неколку чисти шанси, но репрезентативецот на Сенегал не дозволи гол.
На другиот крај, „сините“ не успеаја да постигнат гол само по втор пат во осум натпревари оваа сезона, додека имаа само шест удари, најмалку обиди што Челзи имал во Лигата на шампионите од февруари 2015 година.
Натпреварот го означи првото реми на „сините“ без голови под водство на Лампард. Тој нема проблеи со составот и ќе го изваи најдобриот почетен состав, а најави дека Челзи нема да врзе два меча без да постигне гол.