Во натпреварот на Европското првенство кој се одигра во терминот од 18:15 часот Данска ја совлада Германија со 26:25.
Данците одиграа одличен натпревар, а победата ја обезбедија во финишот од средбата кога Германците попуштија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После овој пораз на Германците, Македонија заедно со Франција се единствените селекции кои до сега не ја почуствувале горчината на поразот на Европското првенство.
Одличната игра на двете селекции во одбраната придонесе во првиот дел да видиме само 17 погодоци. Германија имаше предност од 8:9. Во вториот дел двете селекции беа подобри во нападот, па видовме многу повеќе погодоци. Данците создадоа три гола предност на 15 минути до крајот, а Германија до крајот успеа да ја намали предноста на Данска на само еден гол разлика.
Најефикасен натпреварот беше Линдберг кој постигна 9 погодоци, додека во редовите на Германија Кун стрелаше шест пати.