Поранешниот фудбалер Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години затвор за силување.
Бразилецот е затворен по процесот во кој беше одлучено дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна жена во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанска „Марка“ пишува дека бидејќи се работи за неправосилна пресуда, Алвеш би можел да биде ослободен за неколку дена. На 19 март судот во Барселона ќе одлучи дали поранешниот светски фудбалер ќе биде ослободен или ќе остане во затвор. Неговата одбрана побара ослободување, бидејќи нема правосилна пресуда.
Меѓутоа, бидејќи Бразил не ги екстрадира своите државјани, има мали шанси судот да го ослободи, бидејќи Алвеш би можел едноставно да отпатува дома и да ја избегне можноста да биде казнет.