По најтурбулентниот период во животот, Дани Алвеш се обидува да си го врати животот во нормала, иако факт е дека се што му претходело ќе го следи до крајот на животот.
Откако беше осуден на четири и пол години затвор за силување девојка во ноќен клуб во Барселона во 2022 година, за ослободување на Бразилецот беше платена кауција од милион евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најславните играчи на сите времиња објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил со над 36 милиони следбеници. Она што е очекувано, но и интересно е тоа што тој целосно ги заклучил коментарите.
На првата фотографија пред четири дена го објави зајдисонцето над морето, додека вториот пост покажува уметнички лустер.
Алвеш помина 14 месеци во затвор за време на судењето во Барселона и мора секоја недела да се јавува кај органите на прогонот за да го продолжи животот на слобода.