Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за силување во февруари, Алвеш најде нова работа.
Бразилецот беше ослободен од затвор на 25 март откако плати кауција од еден милион евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На Алвеш судот му ги одзеде бразилскиот и шпанскиот пасош, а доколку сака да замине од Шпанија мора да побара дозвола од судот на кој мора да се јавува секој петок.
Додека е во Шпанија Бразилецот отвори сопствен бизнис.
Основаше агенција која ќе ги претставува професионалните спортисти. Компанијата се вика „OQP Sport and Management“, а покрај менаџерската работа ќе управува и со имиџот на спортистите.
Компанијата е веќе регистрирана во комерцијалните регистри на Шпанија со седиште во Барселона и основачки капитал од 30.000 евра.