Дома Останати Авто Мото Далеку од стапките на неговиот татко: Мик Шумахер добива отказ и останува надвор од Формула 1?

Далеку од стапките на неговиот татко: Мик Шумахер добива отказ и останува надвор од Формула 1?

Светот во Формула 1 можеби имаше големи очекувања од Мик Шумахер, а тие очекувања сепак изгледа беа претерани.

Според последните информации кои ги пренесуваат специјализираните сајтови за Формула 1 синот на легендарниот Михаел Шумахер во новата сезона нема да биде дел од Формула 1. Засега ова не е потврдено, но е многу веројатно.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германецот не ги воодушевил своите работодавци во првите две сезони, а ако се погледнат резултатите можеби е и очекувано. Мик Шумахер само два пати освојуваше бодови и дополнително на тоа предизвика несреќи на патеката кои тимот скапо ги плаќаше.

Повикувајќи се на лице блиску до сопственикот на тимот Гунтер Стејнер медиумите пишуваат дека Мик ќе добие отказ од Хас и нема да заврши во ниту една друга екипа во Формула 1 затоа што нема интерес.

Искусниот Нико Хулкенберг со 181 трка во Формула 1 би можел да биде замената за Мик кој евентуално може да добие статус на резервен возач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон к…