Како што стојат работите Чиро Имобиле на крајот од сезоната ќе си замине од редовите на Лацио, а од Италија веќе се појавуваат најави кој би можел да го наследи.
Според информациите Лацио во своите редови сака да го доведе грчкиот напаѓач Фотис Јоануидис кој настапува во редовите на Панатинаикос.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Конкуренција за неговиот потпис, Лацио ќе има и од англиски Вест Хем кој исто така се распрашувал за неговите услуги.
Сезонава Имобиле игра под очекувањата бидејќи постигна само шест гола на 27 натпревари во Серија А. Навивачие се уште веруваат во неговите квалитети, меѓутоа на големо се најавува промени во нападот на небесно сините.