Дома Фудбал Гризман: Не е точно дека Меси ме уништува, тој ќе направи се за мене на теренот!

Гризман: Не е точно дека Меси ме уништува, тој ќе направи се за мене на теренот!

Барселона сезонава игра променливо и нема старт во Примера онаков каков што очекуваа навивачите. Голем дел од медиумите шпекулираа дека постои криза во редовите на „сините“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За медиумите сега зборуваше Антоан Гризман кој тврди дека во Барселона не владее лоша атмосфера.

„Јас сум човек кој не зборува често надвор од теренот, меѓутоа сега морам. Слушам многу лоши коментари на моја сметка. Тажен сум за приказните кои ги читам за мене и тимот. Минуваме низ тежок период меѓутоа сум сигурен дека имаме тим кој може да направи голем успех“.

Неизбежна тема беше неговиот однос со Меси.

„Со Меси разговарав уште првиот ден, дојде и се пошегува, ми кажа дека сум го „зафркнал“ што не сум дошол година порано. Тој барал од управата да ме доведат порано. Лео за мене ќе направи се на теренот и тоа е најважно. Мојот поранешен агент, Ерик Олхатс зборуваше дека Меси ме уништувал, но тоа не е точно“, изјави Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…