Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Гризман во еуфорија: Не знам каде сум!

Гризман во еуфорија: Не знам каде сум!

Aнтоан Гризман денес даде големо дорпинос во освојувањето на титулата со репрезентацијата на Франција.

Гризман постигна гол, ја уфрли топката во казнетиот простор при автоголот на Манџукиќ со кој беше отворен натпреварот во 18 минута и одигра добар натпревар.

Голгетерот на Атлетико Мадрид кој одлучи да не го напушти шпанскиот клуб после финалето зборуваше за медиумите, но понесен беше од еуфоријата која владееше помеѓу Французите.

„Не знам каде сум! Пресреќен сум. Одигравме тежок натпревар и на крајот успеавме да направивме разлика против одличната Хрватска, изјави Гризман.

Гризман беше прогласен и за најдобар играч на денешниот натпревар.

Франција во финалето ја победи Хрватска со 4:2, за Фаранцузите ова беше втора светска титула после онаа од 1998 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…