Дома Луд Спорт Го удри судијата со колено во глава, па доби невидена казна!

Го удри судијата со колено во глава, па доби невидена казна!

Португалскиот фудбалер Марко Гонкалвеш е суспендиран на четири години и пет месеци откако за време на натпревар од четвртата португалска лига со колено во главата го удрил судијата и му го скршил носот.

Напаѓачот на Канелас, клуб од предградието на Порто, за време на мечот против Рио Тинто го удрил судијата откако претходно добил црвен картон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гонкалвеш најпрво го фатил судијата за врат, му ја спуштил главата, а потоа со коленото го удрил во лицето. Несреќниот судија завршил во нокдаун, по што мечот бил прекинат.

Гонкалвеш, кој од порано е познат по својата грубост, заработи четири години заради удирањето, дополнителни три месеци заради навреда на судијата, како и уште два месеца заради удирање на противнички фудбалер.

Интересно, Канелас оваа сезона доби 12 од 13 меча на свој терен без борба, бидејќи противничките тимови немаа храброст да заиграат против „месарите од Канелас“, како што ги нарекуваат соперниците. Тие попрво плаќаат во 750 евра заради недоаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…