Дома Трансфер зона Го бараа многу гиганти, а тој го избра Монако

Го бараа многу гиганти, а тој го избра Монако

Eден од играчите кои беа многу барани во овој трансфер период е Висам Бен Једер, но тој се уште е играч на Севиља.

Наводно, додека траеше трансфер периодот во Премиер лигата, сакаше да го ангажира Манчестер Јунајтед, но не дојде до договор. Сепак, тој како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Франција. За неговите услуги е заинтересиран Монако.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тие испратиле официјална понуда на адресата на Севиља и наскоро очекуваат одговор и се надеваат дека ќе биде позитивен. Монако наводно испратил понуда од 20 милиони евра и спремни се во Севиља да го испратат Португалецот, Рони Лопес.

Интересно е тоа што самиот играч ги договорил личните услови и се согласил да се пресели во Монако, но се чека одговор од клубот. Останува да се види дали управата на Севиља ќе го пушти Бен Једер во Монако или сепак ќе сака да го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Повеќе нема дилеми: Имобиле ги кажа своите планови

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле се поврзуваше со заминување од Рим, но според неговата по…