Дома Топ вести Готово: Челзи го „украде“ Мудрик пред носот на Арсенал

Готово: Челзи го „украде“ Мудрик пред носот на Арсенал

Челзи се вклучи во трката за украинската ѕвезда, Микаило Мудрик и успеа да го „украде“ пред носот на Арсенал.

Арсенал веќе подолго време преговара со Шахтјор и истпрати две понуди, последната од 70 милиони евра плус бонуси, но не успеа да постигне договор со украинскиот тим.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во трката се вклучи и Челзи, кој ги задоволи финансиските барања на Шахтјор и се согласи за Мудрик да плати 100 милиони евра.

Фудбалерот имаше договор со Арсенал, но на крајот ја прифати понудата на Челзи и се очекува утре да пристигне во Лондон на лекарски прегледи.

21-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона и особено воодушеви со натпреварите во Лигата на шампиони, па според експертите тој е идната ѕвезда на светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…