Дома Фудбал Тажен крај за Пол Погба?!

Тажен крај за Пол Погба?!

Пол Погба пристигна во Монако со надеж дека ќе ја оживее кариерата, но продолжи да паѓа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според написите на „Газета дело Спорт“, Монако во наредните недели или месеци ќе ја разгледа можноста за прекин на соработката со Погба.

Погба, откако ја издржа суспензијата поради користење на недозволени супстанции, потпиша договор во Монако и така се врати на теренот по 18 месеци.

Сепак, од враќањето запиша само три настапи и на терен помина само 30 минути. Повредите повторно го стигнаа, го мачат мускули и изгледа дека веќе не може да игра сериозен фудбал.

Има договор до летото 2027 година, но постојат големи шанси дека веќе во текот на оваа сезона повторно ќе стане слободен агент на пазарот.

Да потсетиме, Погба настапуваше во два наврати за Манчестер Јунајтед и Јувентус, а со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство во 2018 година во Русија.

Има 32 години, но изгледа дека најдоброто одамна го потроши и може да игра само во помали лиги, можеби дури и надвор од Европа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…