Дома Фудбал Изненадување: Инсиње се враќа во клубот каде што се прослави

Изненадување: Инсиње се враќа во клубот каде што се прослави

Европскиот шампион со Италија од 2021 година Лоренцо Инсиње е на пат да се врати во второлигашот Пескара, пренесува Џанлука Ди Марцио.

Одлуката на искусното крило беше донесена вчера и е изненадување во светлината на интензивните гласини од летото наваму за негов трансфер во Лацио и неодамнешните тврдења дека бил подготвен да се врати во Наполи, каде одигра над 400 натпревари и долго време беше капитен.

По едномесечни преговори, на крајот 34-годишниот играч се согласи, откако не доби понуда од Серија “А”. Така уште утре тој ќе пристигне во Пескара, за да го заврши трансферот како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…