Дома Фудбал Звучи неверојатно, но е вистинито: За само две натпревари, Ендрик веќе го “надмина” Меси

Звучи неверојатно, но е вистинито: За само две натпревари, Ендрик веќе го “надмина” Меси

Познатиот спортски новинар – Фабрицио Романо објави информација која брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина коментари.

Младиот бразилски дијамант Ендрик, штотуку зачекори на француската фудбалска сцена, веќе напиша редови кои се резервирани за ретки.

Имено, Ендрик веќе сега има повеќе хет-трикови во француската Лига 1 отколку легендарниот Лионел Меси.

Особено неверојатно звучи фактот дека на Ендрик му беа доволни само две одиграни натпревари за ова.

Меси, кој во дресот на Парис Сен-Жермен остави длабока трага, за време на својот престој во Франција никогаш не постигна хет-трик во првенството.

Се разбира, споредбата не оди во прилог на тежината на кариерата или вкупниот учинок, туку исклучиво зборува за еден многу специфичен параметар.

Но, бројките се немилосрди и токму таквите статистики често служат како поттик за големи приказни.

Ендрик е уште тинејџер, но веќе сега покажува неверојатна ефикасност, смиреност пред голот и чувство за простор.

Неговиот хет-трик предизвика воодушевување меѓу навивачите, но и сериозно внимание на фудбалските аналитичари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел го објави списокот на Англија, врати две големи имиња во репрезентацијата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, го објави списокот на иг…