Како и што се најавуваше веќе подолго време голманката на Вардар, Амандин Лејно потпиша за унгарски Ѓер.
Лејно со унгарскиот клуб се договори за договор на една година со опција истиот да биде продолжен за уште една.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ѓер е најдобриот клуб во историјата на ракометот. Среќна сум што ќе имам вакво соиграчи. Се радувам што ќе бидам дел од Ѓер“, изјави Лејно за клупскиот сајт преку „Скајп“.
Да потсетиме, токму Ѓер беше екипата која го победи Вардар во минатогодишното финале од Лигата на шампионите.
Изјавата на Лејно преку „Скајп“ можете да ја погледнете на 04:35 од видеото.