Италијанскиот гигант Јувентус спрема голема реконструкција на тимот во летниот преоден рок.
На лето заминува Дибала, кој долги години беше еден од главните играчи во тимот, но покрај Аргентинецот ќе заминат уште неколку ѕвезди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според медиуми блиски до клубот, покрај Дибала, во конкуренција за заминување се уште четворица важни играчи, а најголеми промени ќе претрпи средниот ред.
Јувентус ги ангажираше Мануел Локатели и Денис Закарија, а со тоа стана јасно дека Алегри нема да смета на Артур Мело и Адриен Рабио во екипата, па се очекува да бидат продадени на лето.
Се споменува заминувањето и на Федерико Бернардески, кој е во преговори со клубот за нов договор, но барањата на италијанскиот репрезентативец се поголеми. Клубот исто така му ја отвори излезната врата и на Алекс Сандро.