Дома Фудбал Италија Главниот спонзор не му плаќал на Интер

Главниот спонзор не му плаќал на Интер

Главниот спонзор на Интер „Digitalbits“ не го направил очекувато прво плаќање до „нероаѕуроте“, пренесува „Газета дело Спорт“.

Тие потпишаа четиригодишен договор вреден 85 милиони евра со миланскиот гигант на почетокот на сезната 2020/21.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првите две сезони тие беа претставени со реклама на ракавот, а од оваа сезона требаше да го земат местото на генерален спонзор на дресот.

Имено, компанијата до сега не извршила плаќање, па Интер реши да го скрие логото до моментот кога ќе биде извршено плаќањето.

„Нероаѕурите“ во сабота играат против Лион пријателски натпревар и на дресовите нема да стои името на компанијата.  Од клубот се надеваат дека проблемот ќе биде решен до првото коло од Серија А на 13 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…