Напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам го привлече инетресот на европските гиганти.
„Билд“ пренесува дека на лето неколку европски гиганти ќе се борат за потписот на 23-годишниот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул ова лето покажа интерес за Турам, но „црвените“ на крајот се одлучија да се насочат кон Диого Жота од Вулверхемптон. Меѓутоа следното лето конкуренцијата за неговиот потпис ќе биде многу голема.
„Билд“ тврди дека интерес за Турам покажуваат уште Барселона, Јувентус и Манчестер Сити.
Турам игра одлично оваа сезона и постигна два гола против Реал и еден против Интер во ЛШ, па доби и прв повик за француската репрезентација.