Секој фудбалер на фудбалската репрезентација на Германија ќе добие по 350.000 доколку оваа репрезентација стигне до титулата светски шампион на Мундијалот во Русија.
Кога оваа репрезентација стигна до титулата на Светското првенство во Бразил во 2014 година фудбалерите добија по 300.000 евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тимот кој го води Јоаким Лев нема да добие никаков бонус за победа во групната фаза или пласман помеѓу најдобрите 16, но место во четвртфиналето на секој фудбалер ќе му донесе по 75.000 евра, а во полуфиналето по 125.000 евра.
Доколку стигнат до финалето и бидат поразени фудбалерите сепак ќе добијат бонус од по 200.000 евра.
„Ова однапред внесува неопходен мир пред почетокот на турнирот, па можеме да бидеме сконцентрирани на спортските задачи, соопшти менаџерот на репрезентацијата,“, Оливер Бирноф.
Доколку Германците стигнат до титулата во Русија, ќе станат само третата земја која успеала да ја одбрани титулата светски шампион, после Италија во 1938 и Бразил во 1962 година.