Германската репрезентација бешее елиминирана од Светското првенство во Катар и тоа вторпат во низа во групната фаза.
Германците завршија како трети во групата „Е“ зад Јапонија и Шпанија и ќе мора да се вратат дома вторпат по ред по само три натпревари на Светското првенство. Германија вчера во последното коло од групната фаза ја совлада Костарика со 4:2, но поради победата на Јапонија над Шпанија од 2:1 не се пласираше во осминафиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден ден по елиминацијата на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во Катар, производителот на опрема „Адидас“, кој е нивни спонзор на својата веб-страница ги намали цените на германските дресови за 50 отсто.
„Адидас“ се најде во проблем бидејќи само три од седумте репрезентации кои ги носеа неговите дресови се пласираа во осминафиналето, а успехот на репрезентациите многу влијае на продажбата на дресови и останатата опрема.
Во пресрет на СП, „Адидас“ пресмета дека ќе заработи вкупно околу 400 милиони евра од продажба на дресови и друга опрема за време на натпреварувањето, но раната елиминација на Германија во голема мера ја загрози таа пресметка.