
Трагедија се случи на натпреварот меѓу РБ Лајпциг и Магдебург во германскиот Куп.
РБ Лајпциг успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на ДФБ Купот со победа против Магдебург (3:1), но натпреварот беше засенет од трагичен настан.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Непосредно пред почетокот на натпреварот, навивач на Магдебург падна во несвест околу стадионот. Брзата помош реагираше веднаш и се обиде да го оживее на место, но и покрај сите напори, пристигна тaжната вест. Постар човек почина во болница.
Во текот на второто полувреме, тужната вест беше објавена и преку звучникот, но навивачите на Магдебург продолжија да ја бодрат својата екипа, па дури и фрлаа пиротехника, што предизвика негодување меѓу домашните фанови, кои целосно престанаа со скандирање, пренесува Bild.
“Сите се радувавме на убава куп вечер под рефлекторите. Сега таа е засенета од тужната вест. За жал, мора да ве известиме дека навивачот на Магдебург, кој пред натпреварот беше реанимиран, почина во болница.