Mенаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека не му е сеедно кога мора да остави некои фудбалери надвор од тимот.
Гвардиола има намера за натпреварот во Лига купот против Лестер да направи одредени промени. Капитенот Винстент Компани повторно е под знак прашалник поради проблемите со мускулите, додека Давид Силва би можел да отсуствува поради приватни причини. Голманот Клаудио Браво и фудбалерот од средината Јаја Туре би можеле да се вратат во тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Запрашан да ја прокоментира реакцијата на Серхио Агуеро откако Шпанецот го замени со Габриел Хесус во победата над Тотенхем, Гвардиола одговори:
„Тоа е нормално, фудбалерите сакаат да бидат на теренот и го разбирам. Никогаш немам намера некого да повредам. Бев играч и знам како размислуваат. Верувам во овие момци. Не сакам да ги навредам. Срцето ми се крши кога Данило не може да игра, кога Бернардо Силва не може да игра…“, изјави Гвардиола.